Во Грција регистриран земјотрес со интензитет од 4,3
Објавено во: Балкан 16 Септември, 2016
Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар соопшти дека денес во Грција е регистриран земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот се наоѓал на 106 километри северно од Атина и на 78 километри источно од градот Ламија.
Длабочината била 10 километри.
Нема информации за жртви и штети.
Мал земјотрес почувствуван и во скопско.
Слаб земјотрес со магнитуда од 1,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во источниот дел во скопското епицентрално подрачје.
Земјотресот што се случи во 4 часот и 55 минути е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.