Добивај вести на Viber
Во Грција во текот на 2012 година имало над 15 демонстрации на ден или вкупно 5.654 демонстрации покажуваат податоците на полицијата, пренесува грчкото радио „Скај“.
Според полицијата, во минатата година убиствата се намалиле на 165 од вкупно 182 во текот на 2011 година.
Имало и помалку разбојништва - 5.992 (од 6.636 во претходната година), а кражбите и грабежите се намалиле за девет илјади до 87.912, посочуваат медиумите