Добивај вести на Viber
Стапката на невработеност во Грција во ноември 2012 година достигна 27%, покажуваат податоците на Националната статистичка служба ЕЛСТАТ.
Во тој месец без работа биле 1,35 милиони лица, што е за 323.808 повеќе, отколку во ноември 2011 година. Зголемување на стапката на невработеноста е забележано и во однос на октомври 2012 година, кога таа изнесувала 26,6%.
Невработеноста кај жените изнесува 31,1%, а меѓу младите на возраст од 15 до 24 година достигнува 61,7%.Најтешка е ситуацијата во областа Атика, каде невработеноста е 29%