Во Хрватска паднаа 30 цм снег
Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2017
На Завижан во Хрватска паднаа 30 см снег.
Од Националниот парк на Северни Велебит на Фејсбук информираа дека патот не е исчистен и на граѓаните не им се препорачува да се упатат таму.
По една недела со дожд, во Хрватска следат полоши временски услови.
Силно невреме имаше од Копар до Трст, при што и во Ријека имаше обилни дождови.