28 Март, 2024
0.0254

Во иднина исти цени и исти систематски прегледи во сите болници

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Подобрување на квалитетот на здравствени услуги од страна на овластените здравствени установи кои ја вршат дејноста медицина на трудот, зајакнување на механизмот на контрола, одредување на стандарниот минимум на здравствени прегледи и воведување глоби за правното и одговорното лице во овластената здравствена установа се основна цел на предложените измени и дополнувања Законот за безбедност и здравје при работа, истакна министерот заа труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Причина за иницирање на законските измени, како што нагласи Ристовски, се информациите од терен дека здравствените прегледи кои им се вршат на работниците како редовни систематски прегледи не се стандардизирани според видот и обемот, односно не се опфатени сите сегменти, анализи и испитувања кои треба да им се направат на работниците заради констатирање на вистинската здравствена состојба кај секој поединец.
-Информациите говорат дека постојат здравствени установи кои на своја рака ги диктираат цените и, наплатувајќи пониски износи од утврдените во ценовникот, создаваат нелојална конкуренција во оваа област“, рече Ристовски, додавајќи дека се обезбедува подобрување на квалитетот на здравствените услуги на вработените, но и подобрување на квалитетот на услугите во системот на здравствена заштита и здравствените услуги во врска со здравјето и безбедноста при работа.
Здравствените установи, како што рече Ристовски.
Покрај стандардниот минимум на прегледи за вработените што мора работодавачот да го обезбеди најмалку на секои 24 месеци, должни се да ги почитуваат и цените предвидени за определениот пакет на здравстените услуги, односно не смеат да наплатуваат под цените наведени во ценовникот.
-Во зависност од проценката на ризикот на работното место и карактеристиките на дефинираните професионални штетности и опасности покрај стандардниот минимум се вршат и дополнителни прегледи“, додаде тој.
 Доколку овластените здравствени установи не ги извршат здравствените прегледи согласно со уредбата ќе подлежат на глоба во износ од пет до осум илјади евра за прекршок на правното лице и 500 до 1.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село