Добивај вести на Viber
Дваесетина лица се повредени од силниот град со големина на тениски топчиња, кој синоќа паѓаше во Инџија, град во Војводина.
Повредените луѓе кои за време на невремето се нашле на отворено, главно се со лесни повреди на рцете и главата.
Предизвикана е и голема материјална штета, настрадаа стакла од автомобили и куќи, а оштетени се и поголем број на покриви на куќи. Штетите по нивите допрва ќе се утврдуваат.
Освен повредени луѓе скршени се и шофершајбни на голем број автомобили.
Ново невреме се најавува и во текот на денеот.