Во ист ден референдум за бегалци и избори нема да има
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2017
Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе одлука да нема избори на истиот ден кога се одржуваат изборите, односно 15 октомври.
Решенијата се запираат и истите ќе одат пред Уставниот суд за утврдување на законитоста.
„На 20 септември Инспекторатот изврши вонреден инспекциски надзор во општините Кочани и Штип, а на 21 септември во Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Велес. Уште шест општини донеле одлука за референдум на локално ниво и го известиле Инспекторатот за објавување. Тоа се Битола, Прилеп, Радовиш, Аеродром, Гази Баба и Охрид, а се очекува вакви известувања да достават и општините Карпош и Ѓорче Петров, рече државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу.
Оваа одлука ќе биде испратена до Министерството за локална самоуправа, државниот секретар за локална самоуправа и до градоначалниците и советите на 12 засегнати општини, а градоначлниците ќе имаат обврска да ги известат и општинските изборни комисии.
Причина за нејзиното донесување, како што кажа, е член 22 од Законот за локална самоуправа според кој никаде не е наведено дека општините имаат надлежност за мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа.