Во кои градови хотелите се најскапи?
Објавено во: Економија, Свет 13 Јануари, 2017
Италијанскиот град Милано е на трето место во светот по најскапи хотели, покажува анализа на Bloomberg.
Најскапите хотели се чини дека се во Сан Франциско, САД. Таму просечната цена на ноќевање е 397 долари, што е раст од близу 88,2% во однос на 2014 година. Ова зголемување се должи на технолошката индустрија, кој води до зголемување на работните патувања на многу луѓе. Швајцарскиот град Женева е втор најскап за хотелско сместување во светот. Просечната цена на ноќевање таму е 292 долари. Ако треба да ги споредуваме само луксузните хотели сепак, Женева е на прво место. Просечната цена на сместување во луксузен хотел таму е 622 долари, што е за 1,3% повеќе во однос на 2014 година Третото останува за Милано, Италија. Во една од светските модни престолнини просечната цена на сместување е 271 долари по ноќ.