20 Април, 2024
0.1313

Во кои сектори најчесто работат Македонците?

Објавено во: Економија 21 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Голем дел од вработените луѓе во Македонија се ангажирани во преработувачката индустрија, земјоделство и трговија. 

Преработувачкиот сектор има 137 615 работници. Во трговија се вработени  104 514 луѓе, а во земјоделство 120 303 луѓе. 

Во градежништвото има  52 140 работници, а во јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување работат  53 969 работници. 

Овие податоци се објавени во анкетата за работната сила во 2016 година што ја спроведе Државниот завод за статистика.

Од вкупно 723.550 вработени, половина се вработени во овие три дејности. Од друга страна најмалку луѓе работат во дејностите поврзани со недвижен имот и во рударството. 

Со недвижности работат 1 615 луѓе, а во рударството  6 416 луѓе. 

Во Македонија во 2016 година имало 225.049 невработени. Повеќе од половината од нив, односно 63,8%, се лица на возраст од 25 до 49 години. Меѓу најмладите лица на возраст од 15 до 24 години, невработени биле 18,4%, додека најмалку невработени има кај возрасната група од 50 до 64 години, односно не работат 17,7%. 

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во Македонија во 2016 година имало 948.599 лица активно, работоспособно население, при што стапката на невработеност изнесувала 23,7%. Од вкупниот број невработени, 62,9 %се мажи, а 37,1% се жени. 

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ