Во кои земји има најмногу сива економија?
Објавено во: Економија 11 Февруари, 2017
Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) силно регулираните економии со слаба администрација имаат тенденција за појава на сива економија.
Ова се случува многу ретко во земји со силни, добро регулирани и ефикасни државни институции. Во 90-тите години тоа беше случај во поранешните земји од Советскиот Сојуз, како што се Грузија, каде сивата економија беше на ниво од 64% од БДП.
Денес сивата економија цвета во Јужна Европа.
Сивата економија во Грција се проценува просечно на 21,5% од БДП. Во САД според истражувањето сивата економска активност е 5,4% од БДП на земјата.
Во Италија сивата економија е 19.8% од БДП, во Шпанија 17.2%, во Норвешка 12.2%, во Германија 10.4%, во Канада 9.8%, во Австралија 9.4%, во Британија исто 9.4%, во Јапонија 8.6%, во Холандија 8.4%, во Швајцарија 6%.