19 Март, 2024
0.0265

Во која државна фирма лани бруто платата скокна за 46 отсто?!!!

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Бруто платите на 19 вработени кои лани пораснале за 46 отсто во однос на 2015 година се исплатени од донации од Владата затоа што компанијата уште не остварува приход од работење. МЕР ланската година ја заврши со загуба од 2,64 милиони денари со што акумулираната загуба на фирмата стана поголема од акционерскиот капитал!

Бруто платите и надоместоците на вработените во државната компанија за стопанисување со гасоводот  „Македонски енергетски ресурси„ (МЕР) лани пораснале за 46 отсто, пишува во финансискиот извештај на независниот ревизор. Покачувањето на бруто платата за 46 отсто доаѓа во годината во која акумулираната загуба на таа фирма стана поголема односно го изеде основачкиот капитал. Според официјалните податоци акумулираната загуба на крајот на 2016 година достигна 31,56 милиони денари, а акционерската главнина е 29,4 милиони денари.

Од каде пари за плати во МЕР?

Според официјалните податоци од извештајот на независните ревизори МЕР има приходи по два основи. Прво најголем дел од парите се од донација од Владата во износ од 12,38 милиони денари (околу 200.000 евра). Втора приходна ставка се парите што МЕР ги земал од продажба на огревно дрво исечено по коридорите на гасоводот што го гради компанијата. Во извештајот пишува дека од продажбата на дрвна маса добиена од пошумени терени низ кои минува трасата на гасоводот компанијата наплатила 1,075 милиони денари односно околу 17.400 евра.

Вкупните трошоци на МЕР лани изнесуваат 13,44 милиони денари. Од тоа трошоци за вработените се 10,8 милиони денари. Тоа е 80 отсто од сите трошоци на фирмата. Вкупните трошоци од работењето се речиси идентични со вкупните приходи од работењето, а загубата е заради диспаритетот меѓу финансиските приходи и финансиските расходи.

Што работи МЕР?

Според податоците од извештајот МЕР е инвеститор, со поддршка на Владата, и гради гасоводни делници за магистралниот гасоводен систем во земјава. Компанијата го гради магистралниот гасовод од кумановско Клечовце (блок станица 5 и гасовод кон Штип и краци кон Неготино и Битола. Овој голе проект за гасификација на земјава е финансира со донации од Владата, со кредит од германските Дојче банк и Ерсте банк како и со средства од акредитив со Руската федерација со кој се компензира стар долг на руски фирми спрема Република Македонија. Според извештајот до крајот на 2016 година се вложени 3,4 милијарди денари во делницата на гасоводот Клечовце – блок станица 5 и тие се обезбедени од акредитивот со Руската федерација. Владата донирала околу 837 милиони денари во проектот Клечовце блок станица 5 наменети за сервисирање на обврски кон добавувачи.

За новите проекти кон Штип, Неготино и Битола како и за гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар се наменети 90 милиони евра од двете германски банки. Според извештајот лани од тие средства биле финансирани активности во вредност од 1,4 милијарди денари односно 22,77 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте