28 Март, 2024
0.0266

Во Македонија шампиони во мобинг се осигурителни и лизинг компании, па банките!

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Службеничка во домашна банка неколку месеци трпела мобинг од претпоставениот на работното место, и на крај била принудена да си даде отказ. Ова е реален случај кој покажува дека и вработените во финансиските институции кои по дифолт важат за најплатени и со најсигурни работни места, не се лишени од малтретирања и омаловажувања на работното место. Гоце Трајковски од Синдикатот на финансиски дејности кој го координира проектот за заштита од мобинг, вели дека овој пример покажува оти мобингот е секаде присутен, без оглед на образовниот статус на вработениот, платата или сигурноста на работното место. Разликата е што во финансиските институции мобингот има пософистицирана форма. „ Досега сме имале пријави од четири жртви на мобинг кои се пожалиле на преместување од едно на друго работно место, намалување на плата без водење сметка на здравствената состојба на работникот, психичко и сексуално малтретирање, преместување во друг град, давање задачи несоодветни на стручноста на работникот се со крајна цел, да се натера работникот да си даде отказ“, вели Трајковски. Мобингот е се почест во сите сектори со продлабочувањето на кризата и растот на невработеноста. Омаловажувањата, притисоците, уцените и навреди се ситуации со кои секојдневно се соочуваат вработените, но, поради страв за работното место и неможноста лесно да најдат друга работа,  најчесто не преземаат никакви мерки. Како надеж дека состојбата може да се смени на подобро е предлог Законот за спречување на мобинг кој чека на усвојување од Владата и кој треба да обезбеди правна подлога за решавање на проблемите. Осигурителните компании поризични од банките Најмногу мобинг има таму каде работните односи не се регулирани со колективни договори. Кај банките не е толку лоша состојбата оти вработените се организирани во синдикални организации, но загрижувачка е состојбата во осигурителните и лизинг компаниите. „Самиот пазар и на осигурување и на лизинг не е толку развиен, а во таква ситуација нема доволно дефинирани правила на игра. Таму каде што институциите имаат подолга подлога на делување и самите вработени се свесни за своите права, релативно новите немаат стекнати права и таму допрва работниците треба да се изборат за некои права кои во други институции се нормални“, додава Трајковски. Во Канцеларијата за антимобинг засега нема пријавени случаи за политички мобинг иако тоа не значи дека такви случаи не постојат, особено ако се земат предвид спроведените истражувања, кои покажуваат дека мобингот е најчест во образовните институции, или почест е во државниот отколку во приватниот сектор. Најмногу жртви на мобинг има во српските финансиски институции Состојбата со мобингот во финансиските институции е најалармантна во Србија и затоа  тие први во регионот донесоа Закон за заштита од мобинг, објаснува Трајковски. Тој вели дека најмногу средени работни односи има во Хрватска, главно затоа што дури 99% од финансиските институции имаат странски газди. Трајковски тврди дека делумно позитивно влијание имаат странските инвеститори иако се уште не било докажано дали банкарските службеници имаат исти права во Македонија или Франција на пример. И во светски рамки банките се посочени како примери на чест мобинг и делење откази, особено бидејќи се посочувани како најголеми виновници за светската економска криза. Банкарските синдикати во многу земји веќе побараа   преоптоварувањето со работа и стресовите да бидат признати од надлежните служби како болест предизвикана од условите за работа. Соња Ј.Наумовска

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат