29 Март, 2024
0.0243

ВО НЕДЕЛА ГИ ВРАЌАМЕ СТРЕЛКИТЕ НАЗАД: Зошто промената на времето има “драматичен ефект“ врз луѓето?

Објавено во: Стил 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Повторно се ближи моментот кога Европјаните го ставаат прстот на чело и се прашуваат дали часовникот треба да се помести напред или назад.

И повторно експертите ја доведуваат во прашање таквата пракса укажувајќи на здравствени ризици и економска штета.

Веќе некое време критичарите на поместувањето на часовникот два пати годишно се обидуваат да докажат дека таа промена веќе не е корисна. Сега, за да го докажат својот став и се свртеле на науката.

На една коференција, неодамна во Брисел професор по неврохирургија од Оксфорд, Расел Фостер и професор по психологија од Минхенскиот универзитет ги претставиле своите анализи за тоа како поместувањето на часовникот влијае на луѓето, посебно на спиењето.

Нивниот заклучок е дека враќањето на часовникот не донесува заштеда на енергија, претставува значаен здравствен ризик и многу ја чини економијата.

Научниците настојуваат да докажат дека промената на времето има „драматични ефекти“ на физичката и ментална функција бидејќи прави збрка во биолошкиот часовник.

Како што се наведува, на децата и повозрасните им се потребни недели за да се навикнат на таа промена. Истовремено во тоа време се бележи зголемен број на сообраќајни несреќи и компликации после хируршки интервенции.

Покрај штетното влијание по здравјето на луѓето, страда и економијата. Експертите сметаат дека промената на времето два пати годишно ја чини ЕУ помеѓу еден и два отсто од БДП, што е воглавно директно поврзано со здравствените проблеми. Тоа значи дека годишно се губат речиси 300 милијарди евра.

Австрискиот европратеник Хајнц Бекер вели деа постојат доволно научни податоци дека од Европската комисија се бара „конечно да преземат мерки“ и да се стави точка на праксата со која се прави „само штета“.

Бекер ја повикал и европската комесарка Виолета Булц, во чие портфолио е и тоа прашања, да застане на патот и со одбивање да се разгледаат ризиците на промена на времето.

Прашањето за поместување на часовникот секогаш предизвикувало поделби па вработените воглавно го поддржуваат бидејќи им овозможува да искористат малку сонце после работа додека земјоделците не се секогаш заговорници на таа пракса.

На зимското сметање на времето преминуваме на 30 октомври во три часот наутро, кога времето на часовниците ќе биде вратено еден час назад, на два часот.

Турција инаку одлучи да не го поместува веќе часовникот и ќе остане и во текот на зимата на летно сметање на времето. Тоа значи дека патниците од западна Европа за Истанбул ќе ги поместуваат своите часовници два наместо еден час напред.