24 Април, 2024
0.0248

Во недела ќе излезам да гласам! Не се доволни само коментарите во кафеана или на фејсбук

Објавено во: Мои пари 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Перцепцијата мојот глас е “само еден” и тој ништо не одлучува веќе одамна е надминат. Пасивноста и индолентноста кон изборите се минато. Тоа се потврди со големата излезеност на предходните парламентарни избори, кога имавме висока свест и потреба на луѓето да гласаат. Да  учествуваат во креирањето на својата иднина, да влијаат на изборот на луѓето и партиите кои ќе ги предводат. 

Приказната дека ништо нема смисла и дека треба да се бара чаре надвор од Македонија, можете да ја закачите на првото дрво што ќе го видите. Не можеме баш сите да си отидеме, така да вистинското прашање е: Што да правиме овде?

Гласачите на политичките партии немаат дилеми, и точно знаат што сакаат и ќе ја завршат својата должност. А оние кои сеуште се мислат дали да излезат на гласање треба да знаат дека незадоволството не се лечи со сарказам и иронија и „дневна доза коментари на Фејсбук“.

Ставот „јас сум премногу кул да се замарам со стоење на бирачко место и да чекам пола саат во ред“ не е негласање, туку е гласање за фаворитот на оној првиот пензионер што утрото дошол прв пред гласачката кутија!  Младите луѓе во Македонија во минатото често ги врзуваа политиката и политичарите исклучиво со зборовите корупција, манипулација, злоупотреба на службената должност, богатење на грбот на граѓаните, и поради тоа беа пасивни. Коментираа, се бунеаа, но слабо излегуваа на гласање.

Денес знаат дека  доколку не излезат на избори, оставаат можност за нивните потреби друг да одлучува, некој што воопшто и не ги разбира. Со својот глас тие реално можат да влијаат на нештата што се случуваат во нивното секојдневие, како што се уредување на градската инфраструктура, простор за креативно изразување, културни и забавни содржини, и многу повеќе. 

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!