ВО ОВИЕ ЗЕМЈИ Е НАЈТЕШКО: Храна нема, децата им умираат
Објавено во: Свет 12 Октомври, 2017
Во 119 земји во светот имало сериозно, алармантно и екстремно алармантно ниво на глад, од 2012 до 2016 година.
Најтешко е во земји каде има војна, а тука спаѓаат Средноафриканската република, Чад, Сиера Леоне, Мадагаскар, и Замбија.
Освен судири, тие се погодени и од наглите климатски промени.
Во најсиромашните држави половина население е без храна.
Драматично е во Јужен Судан и Сомалија.
815 милиони луѓе во светот гладуваат, или 11% од светската популација, покажува Глобалниот индекс на глад.
Најчесто гладуваат децата, жените и припадниците на етничките малцинства.