Во овој германски град не смее да се досели веќе ниту еден бегалец
Објавено во: Свет 13 Октомври, 2017
Во градот Салцгитер во Долна Саксонија веќе нема да смее да се населуваат мигранти.
Овој декрет го донесе регионалното Министерство за надворешни работи.
Регионалната Влада презема ваков чекор заради големата имиграција и други причини кои се поврзани со интеграцијата на имигрантите.
Долна Саксонија има основано фонд за интеграција на имигрантите во вредност од 10 милиони евра. Уште толку ќе бидат потребни следната година за сместување на бегалците.
Можно е декрет како овој да донесат уште два града во Долна Саксонија.