Во овој град робови на пазар се продаваат за 200 долари
Објавено во: Свет 26 Јуни, 2017
Во градот Сабху во Либија робови се продаваат на јавни места.
За ова предупредија од Организацијата на обединети нации.
Станува збор за град кој пред војната имал 100.000 жители.
Околу 180.000 мигранти кои лани влегле во земјата поминале и низ овој град кој е на пат кон беззаконие.
Оттука на мигрантот му требаат 365 долари за да стигне до Триполи, ако како роб не заврши на пазар и не биде продаден за 200 долари.