Во Пекинг Путин предложи големо евроазиско партнерство со учество на ЕУ
Објавено во: Свет 14 Мај, 2017
Рускиот претседател Владимир Путин се изјасни за создавање на големo евроазискo партнерство.
„Сметам дека збирот на потенцијалот на такви интегративни формати како ЕврАзЕС“ Еден појас - еден пат“, Шангајската организација за соработка, Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија може да се претвори во основа за формирање на големо евроазиско партнерство“, изјави Путин.
Тој одржа говор во Пекинг на Меѓународен форум „Еден појас - еден пат“.
„Ние би го поздравиле учеството и на европските колеги, на земјите од ЕУ во таков формат, во овој случај тоа ќе стане навистина хармонично, балансирано и инклузивно“, истакна уште Владимир Путин.
Според него, тоа може да доведе до создавање на принципиелно нов транспортен систем.
„Треба да се отстранат инфраструктурните ограничувања и претежно да се создава систем на современи поврзани транспортни коридори. Русија со својата уникатна географска положба е подготвена и за таква соработка“, истакна рускиот претседател.