29 Март, 2024
0.0253

КАПИТАЛ ИНВЕСТИРАН ВО ЦИГЛИ И НИВИ: За три месеци продадени недвижности вредни 65,5 милиони евра

Објавено во: Економија 04 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Во периодот април - јуни 2017 година, во земјава се продадени недвижности во вкупен износ од 65,5 милиони евра со вкупна површина од 4.043.402 квадратни метри. Истовремено, под закуп се дадени недвижности со површина од 2.458.191 квадратен метар со вкупна месечна закупнина од 200 илјади евра, покажуваат податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.

Доколку се разгледа продажбата на недвижностите по типови на продажба, може да се забележи дека најголемиот број се однесува на трговија со земјоделско земјиште, односно 51 отсто. Споредено со првиот квартал од 2017 година, во вториот квартал има пад на продажбата на земјоделското земјиште за 15 процентни поени.Становите заземаат 18 отсто од вкупната продажба и во ова тримесечје бележат намален процент на учество во пазарот на недвижности за разлика од првиот квартал кога опфаќаа 32 отсто од вкупниот број продажби. Градежното земјиште во овој квартал учествува со 15 отсто, куќите со 11 отсто, деловните простори со 3 отсто и останатите недвижности со 2 отсто.

- Во овој период се регистрирани вкупно 3.005 трансакции. Споредбено со првиот квартал од 2017 година, во овој квартал има регистрирано 415 трансакции повеќе што укажува на мал раст на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување- велат во Агенцијата за катастар.

Статистиката покажува дека продолжува станбената градежна експанзија и покрај се поголемиот број непродадени нови станови. Според Агенцијата за катастар на недвижности заклучно со јуни, на целата територија на Република Македонија има 3.663 станови кои се изградени, а сѐ уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од минатиот квартал, во овој квартал има зголемување на непродадените станови за 633 стана. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 9.973 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. За разлика од првиот квартал, во 2017 има зголемување на становите кои се во тек на градба, и тоа за 1.196.

- Во второто тримесечје се продадени 139 новоизградени станови што е за 88 станови повеќе од првиот квартал во 2017 година. Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови- велат во Катастарот.

Најголем број продадени станови има во општина Аеродром, односно во овој период се продадени 55 станови, додека пак најголем број продадени куќи има на територијата на општина Прилеп, односно во овој период се продадени 39 куќи. Што се однесува до продажбата на деловниот простор, најмногу продажби се забележани на територијата на општина Прилеп каде што се продадени 7 деловни простори. Најмногу недвижности од типот на земјоделското земјиште се продадени во општина Виница со 73 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Кичево со 29 продажби.

М.Б.

Можеби ќе ве интересира

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?