19 Април, 2024
0.0243

Во плаќање на данокот одат 35 дена годишно

Објавено во: Балкан, Финансии 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

По бројот на даночните плаќања, 66 пати годишно, Србија е вброена меѓу десет најлоши земји во светот. Фирма троши 279 часа годишно во Даночната управа. Светската банка во последниот извештај за условите на работење во овој сегмент не сврсти на дури 140 место во конкуренција на 185 земји во светот. Само во текот на последната година рејтингот ни падна за пет места. Просечна фирма во Србија на шалтер во Даночната управа мора да се јави дури 66 пати годишно и да помине вкупно 279 часа, што е околу 35 работни дена.
Министерството за финансии и стопанство ветува реформа. Целта им е во рок од три години да ја заземеме 50 позиција на оваа листа. Светска банка, проценувајќи го рејтингот, освен бројот на процедурите и потребното време предвид го зема и просечното даночно оптоварување на земјата. Фирмите во Србија на разни даноци даваат околу 34 отсто од својот профит. Во националната алијанса за локален економски развој објаснуваат дека бавната бирократија е поголем проблем од даночните стапки.
- Од 2006 година до денес речиси ништо од тие податоци за Србија не се менуваше - објаснува Јелена Бојовиќ, директор на програмата за регулаторна реформа НАЛЕД. - Ист е бројот на плаќањата, исто е времето, а вкупното оптоварување е дури помало за два отсто од 2009 година. Рејтингот на Србија и понатаму паѓа, бидејќи другите страшно напредуваат. И дефинитивно бројот на плаќањата е најпроблематичен.
Со 66 процедури ние сме меѓу десет најлоши земји во светот. Просекот е 30. Можно е за кусо време да се поправи овој резултат. Точно постојат индикатори кои треба да ги промениме.
Меѓу државите на поранешна Југославија, според листата на Светска банка, даноците најдобро ги направи Македонија. Македонија го зазема 24 место. Убедливо е прва по малото вкупно оптоварување, бидејќи тоа изнесува 9,4 отсто од профитот. Според бројот на процедурите најдобри се Словенците, само 11, но затоа вкупното даночно оптоварување е 34,7 отсто од профитот. Иако Македонците имаат повеќе процедури, кај нив се троши најмалку време - 119 часови. И додека фирмите во Србија се жалат на фактот дека 279 часа годишно трошат на даночниците, може да ги утеши податокот дека нивните колеги во Босна и Херцеговина пред шалтерите поминуваат дури 407 часа годишно.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот