23 Април, 2024
0.0267

Во последниот квартал лани намален бројот на превезени патници

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 8.2%. 

Ова е според податоците на Државниот завод за статистика. 

Според видот на превоз, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 12.5%, во приградскиот превоз за 0.5%, во меѓуградскиот превоз за 5.1%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6.3%.

Во однос на третото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 25.2%. Според видот на превоз, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 30.0%, во приградскиот превоз за 25.4%, во меѓуградскиот превоз за 2.2%, додека во меѓународниот превоз е намален за 27.2%.

Во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 13.2%. Според видот на превоз, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 13.8%, во приградскиот превоз за 27.5%, во меѓународниот превоз за 11.7%, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 2.2%.

Во однос на третото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на патнички километри е намален за 5.6%. Според видот на превоз, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 43.1%, во приградскиот превоз за 0.8%, во меѓуградскиот превоз за 1.8%, додека во меѓународниот превоз e намален за 37.8%.

Можеби ќе ве интересира

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост