29 Март, 2024
0.0249

Во пресрет на самитот на Г-20, можно ли е избувнување на нова валутна војна?

Објавено во: Свет 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Јапонија во пресрет на состанокот на Групата 20 најразвиени земји на светот (Г-20), карактеризирана е како негативец во актуелната валутна драма. Јапонија е всушност обвинета за намалување на вредноста на јенот со цел поддршка на својата заспиена економија. Новата влада во Токио, од друга страна, ги отфрла тврдењата дека манипулира девизниот курс јенот и се повторува дека зголемување на трошењето и агресивното монетарно олабавување, се со цел да се стимулира економијата по две деценискиот бавен раст и дефлација, пишува новинската агенција Франс прес Реториката на јапонската Влада,  во последните неколку месеци доведе до пад на јенот, што ги налути некои европските монетарци, кои најавија дека може на овој потег да одговрат со скротување на растот на еврото за да ги заштитет извозниците. Покрај сите шпекулации за глобалната војна на валутата во која земјите ја намалуваат вредноста на своите валути за да остварат извозни предности, групата на седумте најбогати земји на светот (Г-7), предупредува дека пазарните турбуленции ја загрозуваат финансиската стабилност. "Ние ја потврдуваме нашата долгорочна посветеност на девизниот курс кој го дефинира пазарот и се консултираме за сите потези на девизните пазари“ се наведува во заедничкото соопштение на министрите од групата земји на Г-7. Земјите членки на Г-7, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД и Канада, соопштиија дека нивната фискална и монетарна политика и понатаму че биде ориентирана кон исполнување на домашните цели со користење на домашни инструменти и нема да има промени во девизните курсеви. Германската канцеларка Ангела Меркел отворено ја критикуваше политиката на Токио, и Франција повика на дебата и акција да се заштити извозот на еврозоната. Агресивнито олабавување на јапонската монетарна политика е главната цел на новата влада на Токио која дојде на власт во декември минатата година, ветувајќи дека на тој начин ќе се спаси економијата. Јенот од средината на ноември ослабна за 17%во однос на доларот и за 25%во однос на еврото. Ваквото намалување на вредноста на јапонската валута им одговара на извозниците, кои минатата година се жалеа дека силниот јен ги разорува нивните финансии, во време кога се обидуваат да заздрават од катастрофата предизвикани од земјотресот и цунамито од март 2011 година. Јапонската валута на крајот на 2011 година достигна рекордна вредност од 75 јени за долар, со што е намалена конкурентноста на јапонските извозници, како и нивните приходи. Токио поради силниот јен минатата година забележа рекорден трговски дефицит. Меѓутоа, послабиот јен е меч со две острици, со оглед на тоа дека поскапува увозот и инвестициите во странство

Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО