Добивај вести на Viber
Над 80.000 порачки ширум Европа прими германскиот производител на автомобили Опел за новиот модел Мока, соопштено е од компанијата. Заменикот претседател на продажба, маркетинг и постпродажба во Опел, Данкан Алдред рече дека - Мока со оваа динамика на порачки е на пат да стане еден од најпродаваните модели во суб-компактната СУВ класа, најбрзо растечки сегмент во Европа.