Во седум европски земји платите пониски од пред осум години
Објавено во: Економија 13 Март, 2017
Во седум европски земји платите пониски за разлика од пред осум години, потврдуваат синдикатите.
Овој пад е за 3.1% во Грција, 1% во Хрватска, 0.9% во Унгарија, 0.7% во Португалија, 0.6% во Кипар, 0.4% во Велика Британија и 0.3% во Италија.
Во 18 земји од ЕУ платите растеле побавно од претходно.
Во повеќето земји минималната плата е прениска, а работниците со полно работно време немаат достоинствен живот.
Младите и луѓето со ниски квалификации се во тешка состојба, а нивната долготрајна невработеност зема замав.
Во последните 9 години зголемен е ризикот од сиромаштија и кај луѓето кои работат.
Од регионот, во тешка состојба е Хрватска каде е потребно платите да се покачат.