21 Февруари, 2018
0.7249
    ALK 7801.99    -1.64%     BESK 10275    -3%     GRNT 810    -0.06%     KMB 3389.73    -0.22%     MERM 800    -20%     MPT 29500.63    0%     OKTA 3620    0.56%     RMDEN16 94.9    0.11%     RZUS 139    3.73%     SBT 2041    -2.86%     STB 940.85    0.03%     STIL 139.03    -4.1%     TETE 2286.67    2.27%     TKVS 3110    2.98%     TNB 13581.59    -0.42%     TPLF 1649.9    1.35%     TTK 947    -2.97%     UNI 2050    0%

ВО ШТО БИ ИНВЕСТИРАЛЕ: Акции на берза или стан во Дебар маало

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2018

Во минатата недела светот се возбуди од падот на индексот на њујоршката берза во еден ден за 4 отсто и почнаа да се пишуваат црни сценарија за нова светска финансиска криза, иако факт е дека индексот Дау Џонс на годишно ниво има раст од околу 25 отсто.

Од друга страна, кај нас, како никој да не е загрижен од тоа што МБИ 10 индексот на Македонската берза веќе една деценија е во длабок пад, од 12.000 индексни поени во 2007 година, на актуелните 2.500- 2.700 поени, што претставува намалување од 80 отсто. Актуелните случувања на Вол Стрит се добра причина да погледнеме во каква кондиција е Македонската берза,иако реално гледано, тешко е овие два финансиски пазари да се доведат во корелација на меѓузависност.

Кои се причините за повеќегодишната стагнација на Македонската берза и како да се надмине оваа состојба или барем да се доближиме до индексот од најдобрите времиња?

Велат дека берзата е слика на економијата на една земја. Па, така и незаинтересираноста за тргување на македонскиот пазар на капитал е одраз на тоа што се случуваше во економијата и во целата држава, на сите полиња. Светската економска криза, која избувна во 2008 година ги избрка странските и регионалните инвеститори, а тие беа главните кои ја живнаа македонската берза. Во нивно отсуство се повлекоа и домашните инвеститори. Македонската економија во овој период, иако беше под притисок на светската криза, сепак бележеше стапки на раст, но тие во најголем дел беа иницирани од јавните инвестиции и јавната потрошувачка, односно од парите што ги трошеше државата за изградба на проектот „Скопје 2014“ и на транспортна инфраструктураа. Инвестициите од приватниот сектор беа драстично помали.

Вина има и кај компаниите, кои не покажуваат голем интерес да најдат извори за финансирање на пазарот на капитал, туку повеќе сакаат да користат банкарски кредити.

Во овој период, берзата се најде во процес на хибернација, со големи осцилации во тргувањето. Имаше денови кога прометот се броеше во милиони евра, но и денови со тенок промет од неколку илјади евра.

Општа констатација е дека пари има, но тие ја заобиколуваат берзата, што се гледа од градежната експанзија и масовното купување станови во Скопје од страна на жители од внатрешноста. Многумина, од тие што имаат пари, полесно се одлучуваат заштедата да ја инвестираат во стан во Дебар маало отколку во акции на стабилни компании, кои секоја година делат завидна дивиденда. Ова е последица и на лошото искуство, откако по бумот на берзата во 2007- 2008 година, многумина загубија прилично пари поради наглиот пад на цените на акциите.

Сепак, во последнива години се забележува тренд на стабилизација и благ раст на берзата. Состојбата на Македонската берза во 2017 година беше подобра во однос на 2016 година, се забележа раст на берзанскиот индекс, исто и на вкупниот промет и бројот на трансакции.

- Ова е значаен параметар ако се земе во предвид политичката криза која што се провлекуваше скоро цела година. Амбиентот на сигурност и стабилност е од исклучителна важност за сите инвеститори, особено странските инвеститори кои даваат дополнителнен импут на тргувањето. За очекување е оваа година трендот на раст да се задржи, бидејќи општиот амбиент е подобрен. Потврда за ова е промената на изгледот на Македонија од негативен во позитивен, според кредитната рејтинг агенција „Фич“. Ниското ниво на каматните стапки на депозитите ќе поттикне дел од штедачите да побараат алтернатива за своите пари, а акциите на македонските компании се една од опциите. За разлика од 2007 година, сметам дека и доколку во следните години има посериозен раст на Македонскиот берзански индекс, инвеститорите ќе бидат по внимателни во изборот на компании т.е. дека би се воделе пред се од финансиски резултати на компаниите, нивните дивидендни политики, корпоративната култура на управување и односот со инвеститорите- вели Лазе Камчев, главен извршен директор на КД Фондови АД Скопје.

За да заживее пазарот на капитал потребно е и мало „поттурнување“ од страна на државата со даночни и други олеснувања со кои ќе ги стимулира компаниите да котираат на берзата или да ги натера помалите фирми да се трансформираат во акционерски друштва и со нови емисии на акции да го размрдаат тргувањето.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ АЛТЕРНАТИВА: Тевдовски e против зголемување на прагот за пензионирање

ИМА ЛИ АЛТЕРНАТИВА: Тевдовски e против зголемување на прагот за пензионирање

Целосна поддршка на акцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за ставање ред во агросекторот

Целосна поддршка на акцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за ставање ред во агросекторот

Македонските експерти ќе работат на странските пазари

Македонските експерти ќе работат на странските пазари

И ПОКРАЈ КРИТИКИТЕ, ТЕРАМЕ ПО СТАРО: Нови предвремени вработувања во администрација

И ПОКРАЈ КРИТИКИТЕ, ТЕРАМЕ ПО СТАРО: Нови предвремени вработувања во администрација

Видео: Како Бил Гејтс ја замислува иднината на мобилните плаќања?

Видео: Како Бил Гејтс ја замислува иднината на мобилните плаќања?

Нов директор во ЕЦБ е банкар кој никогаш не работел во Централна банка

Нов директор во ЕЦБ е банкар кој никогаш не работел во Централна банка

Интервју Јанкоски: Најбарани се компјутери од високите класи, Македонците знаат да препознаат квалитет

Интервју Јанкоски: Најбарани се компјутери од високите класи, Македонците знаат да препознаат квалитет

Обновено: Зошто Владата вложи 1 милион евра во акции на МЕР?

Обновено: Зошто Владата вложи 1 милион евра во акции на МЕР?

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГУВЕРНЕР: Многу имиња, една фотеља!

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГУВЕРНЕР: Многу имиња, една фотеља!