Во што е најдобро да се вложат пари?
Објавено во: Економија 28 Октомври, 2016
Истражување на порталот Kamatica покажува дека од 2.048 испитаници заради ниските камати 36% ги чуваат парите дома.
Од нив 34% ги чуваат парите во банка, а 0.6% се одлучиле за девизни депозити.
Вложување во недвижнини одбрале 17% од анкетираните. Ова се смета како мини бизнис ако на годишно ниво се заработат 5%.
На осигурителни друштва отпаѓаат 6%, на инвестициони фондови 4%, на берза 3%.
Истражувањето направено во Србија покажува дека граѓаните сепак најчесто штедат во банки.