Во Собранието се кршат копја за албанската платформа
Објавено во: Македонија 29 Март, 2017
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска во Собранието кажа дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев сака да се спаси себе си сокривајќи се зад платформата на Албанците.
Тој вели дека не се против платформи, но тие не смејат да се подметнуваат.
„Проблемот не е кај народот. Народот и улицата се последица. Проблемот е кај оние што после изборите прифатиле платформи“ - вели Милошоски.
Пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ вели дека пред јавноста сакаат да пласираат лаги.
Тој кажа дека има нова програма за реформска влада.
Тунтев рече дека ДУИ не мора да ја чита платформата затоа што од ВМРО-ДПМНЕ веќе ја читале и преговарале за неа.