Во Собранието усвоена завршната сметка на Буџетот за 2016 година
Објавено во: Економија 15 Јули, 2017
Собранието на Република Македонија попладнево на осмата седница ја донесе завршната сметка на Буџетот за 2016 година.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски во образложението наведе дека вкупните приходи на Буџетот се реализирани во износ од 169,3 милијарди денари, а расходите во износ од 185,4 милијарди денари, поради што буџетскиот дефицит изнесува 16,1 милијарда денари, односно 2,7 проценти од БДП.
Тевдовски вети дека на крајот на мандатот земјава ќе има завршна сметка како Данска.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека во времето на Владата предводена од нивната партија се трошело домаќински, се зголемиле платите, пензиите, социјалната помош и парите се трошеле соодветно.
Пратениците од СДСМ, тврдеа дека претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не водела сметка за приватниот сектор и за подобар живот на граѓаните.