26 Април, 2024
0.0687

Во Србија можете да си купите испит за 300 евра

Објавено во: Балкан 21 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Испит во Србија во просек чини  300 евра, но ова мито за преодна оценка  не се нуди директно на професорот туку преку посредник, се вели во резултати објавени денеска од истражување на Белградската отворена школа.

Како што јави Танјуг, во истражување спроведено на факултети на четири државни универзитети во Србија, 16 отсто од околу 1.800 испитани студенти навеле дека мито најмногу се нуди на професор, 25 отсто на посредник додека 20 отсто давале мито на некој од администрацијата на факултетот.

Седум отсто студенти сметаат дека речиси сите професори примаат мито или подароци, додека 40 отсто од нив се со став дека мито примаат само десет отсто од нивните професори.

Во одлуката кому да пријават корупција, студентите ретко се обраќаат до деканот (8 отсто), на ректорот (шест отсто), на шефот на катедрата (33 отсто) и до Студентски парламент (25 отсто). Малку студенти сметаат дека за професор вмешан во корупција адекватна е затворска казна (8 отсто) туку мислат дека наставник треба да добие отказ (28 отсто), привремена суспензија (19 отсто) или опомена (16 отсто).

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци