Во Србија се палат свеќи за мир во Македонија
Објавено во: Балкан 05 Март, 2017
Пред амбасадата на Република Македонија во Белград група граѓани запалија свеќи, со симболична порака за зачувување на мирот и избегнување на голем конфликт со оглед на се поголемите тензии во Македонија а пораката од овој чин била дека на Македонија и е потребен мир, поради настаните во Скопје кои водат кон конфликт коишто, како што велат, можат да бидат почеток на страшен период на Балканот.
Настанот е организиран од Асоцијацијата на српските интернет медиуми од каде истакнуваат дека со овој симболичен чин сакаат да ја „разбудат“ јавноста, и да укажат на опасност од нова војна. Свеќите биле запалени како поддршка на македонскиот народ.
Извор: pravda.rs