28 Март, 2024
0.0296

Во среда Уставниот суд ќе пресече: Ќе изгорат ли субвенциите за земјоделците?

Објавено во: Агробизнис 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во среда Уставниот суд ќе пресече-дали може да се исплаќаат земјоделските субвенции

Уставниот суд закажа седница за следната среда на која ќе се одлучува дали може да почне исплатата на субвенциите за земјоделците. Уставните судии на седницата ќе ја разгледуваат иницијативата поднесена од земјоделското здржение „ Агротиквешија“ со која се бара оспорување на челнот од Изборниот законик според кој е забранета исплата на субвенции се до фомрирање на нова Влада. Дел од агроекспертите очекуваат Уставен да го оспори членот, оти се работи за редовни исплати планирани во Буџетот.

„Очекувам дека Уставниот суд ќе ја прифати иницијативата односно ќе го оспори членот. Земјоделството е фактор во економијата и луѓето имаат потреба од тие субвенции. Политичката ситуација влијаеше да се блокира исплатата, но пред извборите имаше законско решение за исплата, имаше ингеренции техничката влада да им ги исплати субвенциите на земјоделсците и да не се дозволи да се дојде до оваа ситуација, кога на земјоделците најмногу им се потребни пари а тие ги немаат.Исто така сметам дека треба да се воведе пракса субвенциите да се исплаќаат тогаш кога на земјоделците им требаат најмногу, а не да се доцни.Ова што сега се случи и што се одолговлекува исплатата мислам дека повеќе поради тоа што очигледно нема пари во Буџетот за исплата на субвенциите. Сето ова пролонгирање на исплатата понатаму ќе влијае врз намалување на земјоделското производство и зголемување на увозот на земјоделко-прехрамбени производи, што пак крајно ќе има и негативно влијание врз вкупната економија, вели универзитетскиот професор Јован Аждерски. 

Дел од правните експерти сметаат дека и доколку Уставен не го оспори членот, сепак субвенциите треба да се исплаќаат.А ако судот ја прифати иницијативата тогаш Министерството за финансии треба веднаш да постапи по одлуката. 

„Мислам дека и без да се поднесе иницијатива одредбата од членот од Изборниот законик треба да се толкува пошироко. Законските одредби се однесуваат на фиксни рокови односно додeка трае изборната кампања, изборите и додека не се формира влада.А со оглед дека овие рокови се поминати таа забрана не може да произведува правно дејство. Ние немаме избрано нова Влада, а во законикот се мисли на оној уставен рок за избор на нова влада а тој уставен рок е повеќекратно поминат. Немаме ние избори сега за кои исплатата на субвенциите сега некако би влијаела врз резултатите. Според тоа не смее да има забрана и треба да се изврши исплата, тоа е обврска на државата. Ако се укине членот на законик со кои се предвидуваат забраните, тогаш нема забрана и нема правно дејство и тогаш нема законска база да се повикуваат надлежните на законски пречки“, вели универзитетскиот професор Осман Кадриу.

Министерот за финансии Кирил Миноски неодамна изјави дека главна пречка за исплатата за одредбите од Кривичниот законик.Миноски тврди дека пари во Буџетот има, и доколку Уствен суд го оспори членот веднаш ќе почнат со исплата.

„ Доколку Уставниот суд го оспори тој член, тогаш не би постоеле пречки за исплата. Имаме соодветна ликвидност на Буџетот, а паричните средства не се проблем“, изјави Миноски.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Игор Златков, вели дека тој ги потпишува налозите за исплата и ги праќа во Министерството за финансии, но оти деблокадата на исплатата зависи од одлуката на Уставен.

„ Деновиве ги потпишувам налозите за исплата на субвенции за полјоделски и градинарски култури и ги праќам во трезор. Но од одлуката на Уставен зависи, кога ќе почне исплатата“, вели Златков.

Во меѓувреме земјоделците веќе губат надеж дека ги добијат субвенциите. Со оглед на политичката состојба и насилсвата што се случија во Собранието, дел од земјоделските здруженија велат дека не сакаат дополнително да прават проблеми и оти ќе почекаат до крајот на месецов. Сепак посочуваат дека решението за нивниот проблем зависи од тоа колку побрзо ќе се формира нова Влада. 

„Ние пред неколку дена излеговме на протести, блокиравме патишта, но како никој да не слушна за нашите проблеми, не наидовме на разбирање од институциите.Во многу тешка состојба сме. Имаме многу пари вложено во овошни и лозовите насади, тоа се долгогодшни култури, три до четери години инвестираме за дури после да има берба и да имаме некаква заработка. Веќе размислуваме да ги намалиме површините, не можеме да издржиме, ние не ги добивме субвенциите кога ни се најпотребни.Веќе нема ни на кого да даваме рок за да ни исплата пари, ништо не се знае , гледаме што се случува, веќе сме изморени.Очекуваме побрзо да има нова Влада па се надеваме дека ќе се реши проблемот со исплатата“, вели Бајро Ашкериќ, земјоделц од селото Вининичани.  

Седум месеци земјоделците ги чекаат своите субвенции. Исто толку време надлежните лиферуваат образложенија зошто е стопирана исплатата на субвенциите, но се се лицитираше и со рокови кога ќе се деблокира исплатата. Исплатата се проблематизираше откако одговорните службеници во Министерството за финансии не сакаа да ги потпишат налозите за исплата, поради страв од кривична одговорност.Засега останува непознато кога земјоделците ќе видат пари на сметка, оти се зависи каква одлука во среда ќе донесе Уставниот суд. Државата на земјоделците им должи околу 95 милиони евра од кои поголемиот дел за субвенции за 2016, но дел и за 2015 и 2014 година.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи