24 Април, 2024
0.0300

Во Турција контра протести „Човек стои против човекот што стои“

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Oблечени во маици со натпис „човек стои против човекот што стои“ десетина лица  застанаа синоќа пред стоечките демонстранти на плоштадот Таксим, во знак на јавна поддршка на турската Влада на Реџеп Тајип Ердоган.

Демонстрантите кои протестираа веќе со денови против политиката на Ердоган, се наредија во редица и едноставно молчеа, без да разговараат дури ни меѓусебно, некои од нив дури и читаа книги. Спроти нив застанаа поддржувачи на владејачката партија, кои исто молчеа. Партиските активисти поставија транспаренти со натпис „молковен протест против молковен протест".

Групата стоеше околу половина час, а потоа си замина од плоштадот. Изминатите два дена илјадници демонстранти во цела Турција се приклучија кон стоечките протести против владата кои започнаа во понеделникот, откако властите ги разбија демонстрациите.

Претходно вицепремиерот Булент Аринч изјави дека демонстрантите против Ердоган имаат право да демонстрираат со молчење, иако сепак, изрази загриженост за нивното здравје.

"Да стоиш исправен со часови е во ред, но е опасно за здравјето", истакна Аринч. Министерот за внатрешни работи, Муамер Ѓулер пак увери дека полицијата нема да ја попречи тивката акција, додека демонстрантите не го нарушуваат јавниот ред.

Во неделата властите во Истанбул и Анкара ги забранија масовните собири и демонстрации, со мотив за спречување на евентуални судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Токму така се роди алтернативната молчалива форма на протест против власта, која нема како да биде санкционирана.

Илјадници демонстранти од Истанбул, Анкара, Измир, Анталија, Ескишехир и многу други градови во Турција им се приклучија на „стоечките протести“ против Владата, кои започнаа во понеделникот.

Тие протестираат против авторитарната влада на премиерот Ердоган, како и против употребата на сила од полицијата во текот на минатите денови. Акцијата на нем протест ја почна еден турски кореограф, кој со часови стоеше немо и неподвижно на плоштадот Таксим, а кого медиумите го нарекоа „Човекот што стои“.

Демонстрантите стојат и го насочуваат својот поглед кон делот на Културниот центар, на кој стои портрет на основачот на Турција, Кемал Ататурк.

Можеби ќе ве интересира

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра