25 Април, 2024
0.0307

Во Велика Британија продолжуваат скандалите со месо

Објавено во: Свет 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Ланецот супермаркети „Вејтроз“ најави повлекување на замрзнати телешки ќофтиња во кои се пронајдени траги од свинско месо, додека во Велика Британија се уште трае аферата поврзана со коњското месо продавано како телешко.

По повикот на Агенцијата за прехранбени стандарди во Велика Британија упатен до сите поголеми доставувачи на месо да се спроведат итни тестови за сите говедски производи за присуство на коњско месо, се огласи ланецот супермаркети „Вејтроз“.

Управата на „Вејтроз“ соопшти дека ги повлекува сите замрзнати јадења со телешки ќофтиња во кои се пронајдени траги од свинско.

Британската агенција за безбедност на храната соопшти дека вчера заедно со британската полиција спроведе истрага во една англиска месарница и ирска фабрика за кои постои сомневање дека биле снабдувачи на телешкото за ќебапи и хамбургери во кои се пронајдени трагите од коњско месо.

Скандалот изби на 31 јануари 2012 година, кога гигантот за брза храна Бургер Кинг откри дека некои од неговите производи се контаминирани со коњско месо. Потоа на 16 јануари Ирската агенција за безбедност на храната објави дека на британските супермаркети им се испорачани говедски хамбургери со траги од коњска ДНК, кога од продажба се повлечени десет милиони пакувања, за да на 4 февруари биде прекинато производството во уште една ирска компанија за производство на месо.

Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму