29 Март, 2024
0.0244

Во време на кризи се раѓаат најдобри идеи и се реализираат најголеми достигнувања

Објавено во: Анализа 25 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Големите идеи, доаѓаат од малите умови Недалеку и блиску се соочуваме со уште едно премрежие или затегната состојба креирана од граѓанска критичка свест и иницијатива, директно потикната со искажување на масовно незадовлство, дополнително подржано со активно комуницирање на социлјаните мрежи. Како државјанин на Р. Македонија неодамна иселена со цел надпросечно реализирање на деловни цели и градење на интернационално искуство, секојдневно се пресретнувам и соочувам со новинарски објавени текстови изрежирани од групи на "академци" Кои навреме не ја напишале својата домашна задача,  да се пронајдат онаму каде што припаѓаат или уште повеќе да се завземат и да избегаат од локалниот амбиент на просечно изолизран граѓанин. Се почесто се срамам кога треба да кажам вистина повеќе и да ги анулирам сите тие сознанија, пред јавноста надвор од државата, поради искривената слика или делумно лошиот амбиент кои говори за нашата економија, минимална плата или стапка на невработеност. Верувајте одамна се срамам да застанам во колоната за транзит проверка на светските аеродроми од земјите кои не се во Европска Унија и долго време нема да биде поради нашата интерна работа против нашите вредности, јазик и култура. Никој до сега не се запраша колку чини тој трошок на стоење во место и сите го префрлаат показалецот кон политичката елите која има единствена задача да сработи и да си оди. Ние сме тие кои твориме, работиме, се преставуваме во бизнис сверата, разменуваме искуство и сакаме некој да не цени и уважува благодарение на има една Македонија, стара и исконска земја. Заборавете да живеете во минатото, свртете се кон себе, евалуирајте ги вашите можности, направете исчекор, запознавајте луѓе, комуницирајте со широката јавноста, разберете каде е вашето место и тргнете од некаде, создадете нешто па макар и да е помалку вредно и од цртеж во детска градина. Помогнете да се чувствуваме достоинствено, да создаваме внатрешни вредности, критичка маса, заборавете на исмејување, отежнување со стари и исцрпени содржини. Да постоеше интернет и социјални мрежи пред 25год, уште ќе зборувавте за Бивша Југославија. Ставете се во фокусот на лидери, лидер на своето време, лидер на своето знаење, и насочете се право дијагонално кон единствениот излeз, успех и напредок, нови решенија, нови идеи, нова иднина. Заборавете на политика, исмејување, дополнително коментирање на бајати теми, кои за возврат во животот не ви носат напредок, нови пријателство  и подобра иднина. Говорам искуствено како професионалец кој познава колку може, кај се движи и кон што цели. Сите интерни коментари и напаѓања без да се даде предлог за подобро и да се партиципира во тоа, премногу му наштетува на мојот интегритет пред преставниците од другите земји кои ќе ме стават или рангираат според мојата категорија на развој на држава и стабилност на политички систем, без притоа да се свртат и да го евлуираат местото кое што го одработушав или допринесуваш во светските економски текови и бизнис модели. Ставете потпис на се она што го заокружува вашиот идентит, нешто по кое ќе се преознаете во далечната иднина кога ќе го прочитате или ќе го видите вашиот потпис и кога истото тоа повторно ќе ве однесе на чекор понапред да создадете многу повеќе. Создавајте, небитно дали се тоа пријателство, волонтерски дела или спиртуални учиноци. По тоа ќе ве препознаваат пријателите, со тоа ќе се овековечи вашата историја, само тоа може како група, нација да не издвои дека се она што исконски го поседуваме како држава и нација, светот го препознава и го уважува. Излезете од вашите домови, заборавете на социјалните мрежи, влезете во напредните електронски библиотеки, почнете да кометирате филмови, настани, фотографии, уметност, стилови на храна, служење вина, вселенски моменти и заборавете на одбраната група јазици кои ја матат свежината на новото сонце што се раѓа во една држава со точка народ како едно предградие, на кое во сите усилби и промени му е потребен само квалитетен и мирен стабилен живот. Создавајте добри дела, уметност, продуцирајте настани, разменувајте искуство, излезете од точката на просечност од каде што најголемиот домет е упатување на комуникација и критика на социјалните мрежи. Сврете се кон себе, пронајдете го равенството кое се крие во едноставниот баланс на само преиспитување, множење на пријатели, дуплирање на дела, вадење на критики и собирање на сите творби и креативни умови кон една единствена мисла и визија, да ние сме малку, ама големи по своите дела и можности. UntitledМакедонија може, Македонија знае како, само со сите вас со една иста творевина и конструктивна енергија. Автор, Анита Котеска 001228733332 / 0038977832196

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот