25 Април, 2024
0.0288

Водата се повлече, проблемите излегoa на виделина

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски апелира дека штетите од поплавите се огромни, а досегашниот биланс е поплавени околу 500 објекти и материјална штета од над пет милиони евра. „Овие денови претставниците на Владата се присутни на терен со хигиенски пакети. Не само да се сликаат министрите и премиерот туку да излезат и да кажат дали ќе учествуваат во надоместувањето на штетите. Апелирам да не се користи ваква состојба за политички поени. Три министри доаѓаа овие два дена, а не даваат изјава дали Владата е подготвена и во кој обем е спремна да ги поддржи нашите граѓани во однос на она што го загубиле. Има објекти каде има штети од 20.000, 30.000, па до 100.000 евра. Во овој момент мора да бидеме објективни пред граѓаните и да не даваме лажна надеж“,  изјави Дамјановски. Инаку денеска премиерот Никола Груевски, заедно со министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Миле Јанакиески и Спиро Ристевски, ги посети поплавените региони во штипско и светиниколско  и вети помош за санирање на штетите од поплавите. Според него и двете општини добро се снашле со кризната ситуација поради поплавите. „Секогаш кога има катастрофални ситуации со пожари и поплави и други крупни незгоди, излегувам за да разговарам со луѓето. Едно е да се седи во канцеларија, да ти даваат извештаи и да ги читаш или да гледаш телевизија, а друго е да влезеш тука во калта и одблиску да ја почувствуваш маката на луѓето, да  поразговараш со нив и со свои очи да ги видиш загубите што тие ги претрпеле“, изјави Груевски пред револтираните граѓани. Во меѓувреме се расчистуваат и сумираат штетите од поплавите. Струмичкиот останува најпогоден регион од водената стихија. Штипјани сеуште пијат вода од цистерни, а учениците не одат на училиште бидејќи нема основни услови за водење на наставата. Во поплавите евакуирани беа повеќе од триста лица, а зафатени  околу 3.000 станбени објекти. Едно лице го загуби животот.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет