17 Април, 2024
0.0257

ВОДИТЕЛКАТА АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА Е ЗАШТИТНО ЛИЦЕ НА САЕМОТ ЗА ВЕНЧАВКИ: Љубовта од сопругот ме прави принцеза

Објавено во: Стил 24 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Традиционалниот Саем за венчавки годинава ќе се одржува од 23 до 25 февруари во скопскиот хотел „Александар Палас“, и годинава ќе понуди интересна тема, „Во светот на Дизни принцезите“.

Ако темата на ланскиот Саем беше пеперутка во традиционален македонски стил, годинава темата е принцеза. „Секоја невеста е принцеза, а тој збор асоцира на Дизниевите бајки. Токму во тој стил ќе биде направена пистата на отворањето на Саемот на 23 февруари, на која ќе дефилираат македонски познати личности, облечени во венчаници и костуми направени од познати домашни дизајнери. Освен тоа, настанот ќе понуди и педесетина изложувачи од сите категории потребни за организација на венчавка“, вели водителката Александар Велинова, која годинава е заштитно лице на настанот. Организатор, како и секоја година е интернет магазинот „Во бело“. Настанот се одржува по осми пат.

„Како заштитно лице, јас ќе бидам во улога на Пепелашка, и ќе ја имам задачата да ја раскажам приказната за секоја принцеза. Со сите принцези се запознав при посетата на Дизниленд, таму влегуваш во бајка независно колку години имаш. Се шегувам. Како принцеза се чувствувам, од најрана возраст, благодарение на вниманието од родителите, посветеноста, пожртвуваноста, па се до денес. Сметам дека почитта која ја добива една жена од семејството, од сопругот, од децата, од средината во која живее и општеството ја прави принцеза. Сепак и тоа се заслужува во реалноста, не е како во бајките хахаха“, додаде шармантната водителка од „Тв Нова“ за својата семејна бајка.

Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре