25 Април, 2024
0.0294

Водовод го раскина договорот со Тобако!

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие Водовод и Канализација го раскина договорот со АД „Тобако“ и почнувајќи од 1 ноември плаќањето на сметките за вода, нема да може да се врши во малопродажните мрежи на Тобако. Во Водовод признаваат дека се незадоволни од досегашната соработка бидејќи уплатите направени во овие мрежи,  несоодветно се евидентирале. Но, директорот уверува дека сите сметки кои досега биле уплатени во „Тобако“, на граѓаните ќе им бидат признаени. „Запознаени сме со проблемот на одредена група граѓани, во врска со сметките кои ги платиле во малопродажните мрежи на Тобако, а кои подоцна не биле евидентирани во системот како уплатени. Сакаме да ги известиме граѓаните, дека нема простор за сомнеж. Со приложување на валиден документ, за докажување на уплатата, сите сметки кои досега се платени во „Тобако“, со сигурност ќе бидат прифатени и признаени за платени“ изјави Стојан Србиновски директор на Водовод и Канализација-Скопје. Револтирани граѓани веќе се јавија до редакцијата на Фактор жалејќи се дека им стигнале решенија за присилна наплата, или опомени пред тужби и покрај тоа што сите сметки за вода уредно ги платиле преку наплатните пунктови на „Тобако“. “Имам примерок од платена сметка за минатиот месец на која има и датум и писмена потврда дека сметката е подмирена, но кога отидов во Водовод ми рекоа дека кај нив нема евиденција дека сум платил. И сега ќе ја исправи ли некој грешката или треба два пати да плаќам една иста сметка“, прашуваа граѓани од Скопје. Одговорот од Водовод засега ги смирува страстите. Во меѓувреме, директорот на „Тобако“ Бошко Јанев, за Фактор иако потврди дека имало проблеми со сметките, вели дека истите се надминати. “Пред една недела некои граѓани се пожалија дека не им ги прифаќале сметките во Водовод, имаше некои проблеми со системот за прокнижување, но јас се слушнав и со финансискиот директор на Водовод и веќе е се расчистено. Повторно им издадовме потврди за уплатена сметка на граѓаните и нема никакви проблеми“, изјави Јанев. Услугата “плати сметка“ од лани функционира преку наплатните пунктови на акционерското друштво Тобако, и освен на Водовод, преку Тобако требаше да се плаќаат сметки и на ЕВН, Топлификација, УЈП и радиодифузна такса. Засега проблеми со неевидентирани сметки во другите претпријатија не се пријавени. Единствено во ЕВН потенцираат дека во моментот не е можно плаќање сметки за струја во некои малопродажни мрежи на Тобако поради усовршување на системот за плаќање. Сите платени сметки за струја биле  евидентирани во ЕВН.  

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст