20 Април, 2024
0.0304

Вол Стрит: Пад на акциите поради Гугл и невработеноста во САД

Објавено во: Свет, Финансии 19 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

По три дена континуиран раст, пад на индексите на акциите на Вол Стрит. Ивеститорите беа разочарани од деловните резултати на неколку технолошки компании и на растечката невработеност во САД. „Dow Jones“ индексот падна за 8 поени или0,06 %, на 13 548 поени, додека „S & P 500“ падна 0,24% до 1457 поени, а „Nasdaq“ за 1,01 % до 3072 поени. Цената на акциите на Google вчера потона 8%, откако објави послаби квартални приходи и профит отколку што се очекуваше. Постојаното опаѓање на цените на „IBM“, и разочарувачките оперативни резултати, доведе до тоа технолошкиот сектор да биде најголем губитник вчера. „S&P 500“индексот 0падна 1,5%. Од 10 сектори на „S & P 500“ индексот вчера, цените на акциите се зголемија на седум од нив. Меѓу најголемите добитници беа акциите на Травелерс, чија цена скокна над 3,5 проценти, откако осигурителната компанија пријави квартални резултати подобри од очекуваните. Ниту макроекономските податоци повеќе не влеваат сигуност. Вчера беше објавено дека бројот на нови барања за помош за невработеност во САД, минатата недела се зголемиле за 32.000, повеќе отколку што се очекуваше,  што укажува на бавното темпо на закрепнување на пазарот на труд. Европската акции, сепак,  вчера забележаа раст. Лондонскиот ФТСЕ индекс се зголеми 0,10 проценти до 5917 поени, Франкфуртскиот ДАХ се зголеми за 0,58 отсто на 7.437 поени, а Парискиот ЦАЦ 0,22 проценти до 3535 поени.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски