Volkswagen ќе признае вина за измама и ќе плати десетици милијарди казна
Објавено во: Економија 10 Март, 2017
Volkswagen пред американскиот суд во Детроит ќе признае вина за измама со лажирани тестови за нивото на загадување на издувните гасови на нивните дизел возила, како и попречување на правдата. Еден од најголемите автомобилски гиганти се соочува со огромна парична казна по предлог на американската агенција за животна средина, како и од надзорните тела во автомобилската индустрија.
Мамењето на тестовите преку специјален софтвер кој ги лажирал резултатите на Volkswagen му донесе огромна штета. Компанијата мора да плати околу 30 милијарди долари во различни казни кон корисници и здруженија за заштита на животната средина, мораше да повлече околу половина милион возила од пазарот, како и да плати десетина милијарди долари на САД.