Добивај вести на Viber
Банките во САД стануваат посилни во споредба со претходните години и вече нема да и предизвикуваат проблеми на економијата, изјави денеска американскиот инвеститор и милијардер Ворен Бафет.
Бафет, кој инаку е претседател и извршен директор на компанијата „Беркшир Хатавеј“ , во интервју за телевизијата Блумберг, вели дека најголемите американски банки значително ја подобриле својата финансиска позиција.
Во интервјуто тој истакнува дека банките главно се ослободиле од ризичните средства, кои ги оптоварувале, во што им помогнале и моменталните каматни стапки.
Инаку „Беркшир Хатавеј“ има големи влогови во банките „Велс Фарго“, „УС Банкорп“ и „Бен оф Америка“, поради штомилијардерот внимателно ја следи ситуацијата во финансискиот сектор.