23 Септември, 2017
0.4979
    ALK 7297.6    -0.03%     GRNT 870    -0.99%     KMB 2883.3    -1.59%     KPSS 485    -2.81%     KVAS 10670    -3%     MPT 30201    -2.58%     MTUR 4700    2.17%     OKTA 3300    10%     PKB 14500    0.07%     RZUS 120    -1.64%     SBT 2219.26    -0.89%     STB 938.54    -1.78%     STIL 134    3.08%     TEL 279    -0.49%     TNB 13300    0.4%     TPLF 1601    -0.32%     TTK 776    -3%

Воведувањето на данокот за јаглерод може да избрише до 1,5 трилиони долари од глобалните профити

Објавено во: Анализа 05 Септември, 2017

Повеќе од 1,5 трилиони долари од профитот на компаниите на глобално ниво може да бидат избришани поради даноци и такси потребни за остварување на целите утврдени во договорот за климата од Париз, се наведува во анализата на глобалниот инвестициски менаџер Schroders, цитиран од онлајн изданието EurActiv.com.

Општата добивка на 12 500 компании може да се намали за 20%, ако светот одлучи да го постигне ограничувањето на температурниот раст до 2 степени Целзиусови со дополнителни даноци.

Од Schroders дошле до заклучок дека цените во трговијата со емисии ќе треба да се зголемат до над 100 долари за тон јаглерод диоксид од сегашните нивоа - околу 5 долари, за да се стимулира пренасочување од фосилните горива.

Анализата го истакнува огромниот обем на предизвикот за ублажување на ефектите од климатските промени. Корисниците на природни ресурси кои се интензивни за енергијата, исто така, предупредуваат дека нивната добивка е изложена на ризик. Таквите компании, вклучувајќи ги и оние во градежната, челичната и хемиската индустрија, може да ја намалат својата добивка за околу 80%.

Енди Хауард, шеф на одржливо истражување на Schroders, коментираше дека инвеститорите треба да се фокусираат на економијата со ниска употреба на јаглерод.

Повисоките даноци за спречување на употребата на фосилни горива ќе бидат во форма на јаглеродни цени. Многу шеми како што онаа што се практикува во ЕУ и Велика Британија, е на принцип на квоти , при што компаниите добиваат дозволи за загадување, кои може да се тргуваат со неискористени квоти.

Системот за тргување со емисии на ЕУ е најголем за трговија со квоти на штетни гасови, опфаќа 11 илјади електроцентрали и индустриски претпријатија во 30 земји, чии јаглеродни емисии сочинуваат речиси 50% од вкупната количина штетни емисии на Европа.

Сепак, шемата е предмет на многу напади, бидејќи е премногу попустлива за големите потрошувачи. ЕУ честопати е обвинуван дека дистрибуира премногу дозволи, што доведува до ниски цени на квоти. Ова не ги спречува компаниите да загадуваат или да ги поттикнат да го променат своето однесување.

Според Хауард, истекувањето на јаглеродни емисии по цена од 100 долари веројатно ќе се случи во текот на следните три децении. Но, влијанието врз профитот не може да се случи ако компаниите ја намалат зависноста од фосилни горива. Падот на добивката може да се надомести со новите еколошки компании за да ги пополни празнините.

Се повеќе и повеќе земји ги прифаќаат цените за емисиите на јаглерод, вклучувајќи ја и Кина. Претседателот Џинпин објави дека земјата ќе го лансира најголемиот светски пазар за дозволи за емисии оваа година. Така, со кинеската шема, речиси една четвртина од светските емисии ќе имаат цена.

Доналд Трамп ги отфрли поканите за воведување на данокот за јаглерод во САД, велејќи дека тоа ќе ги чини работните места. Филип Хамонд, британскиот министер за финансии, се очекува да даде повеќе детали за намалување на цените на јаглеродот во Велика Британија до 2020 година во есенскиот буџет.

Економистот и нобеловец Џозеф Стиглиц и поранешниот главен економист на Светската банка Николас Стерн се меѓу експертите кои предупредуваат дека владите треба да се борат со загадувачките индустрии со данок на јаглерод диоксид од 40 до 80 долари по тон до 2020 година.

Можеби ќе ве интересира

Злоупотреба на државни средства, поткуп, заплашувања - Ќе имаме ли чисти избори?

Злоупотреба на државни средства, поткуп, заплашувања - Ќе имаме ли чисти избори?

СДСМ научи да "дрибла" - Чист воздух за спас од мигрантите

СДСМ научи да "дрибла" - Чист воздух за спас од мигрантите

Предизборите почна, каква кампања не очекува - валкана или...?

Предизборите почна, каква кампања не очекува - валкана или...?

Што е Google Jigsaw и како може да придонесе за Македонија?

Што е Google Jigsaw и како може да придонесе за Македонија?

Огромната доверба во Катица Јанева знак за обесправено општество

Огромната доверба во Катица Јанева знак за обесправено општество

СДСМ нема кандидат во Чаир, ДУИ нема за Скопје

СДСМ нема кандидат во Чаир, ДУИ нема за Скопје

Јовановски од клупата за „резерви“ ќе се натпреварува во општина Центар

Јовановски од клупата за „резерви“ ќе се натпреварува во општина Центар

Нема разбирачка за законот за јазиците - Закана за нови тензии

Нема разбирачка за законот за јазиците - Закана за нови тензии

Без граѓански притисок градоначалниците ќе уживаат 4 години

Без граѓански притисок градоначалниците ќе уживаат 4 години