Воз кој сообраќал за Атина излета од шините
Објавено во: Балкан 24 Август, 2017
Воз на грчката државна железница Траиносе кој сообраќал за Атина денеска излета од шини пред да застане на станица во Лариса, централна Грција.
Во инцидентот нема повредени, ниту се предизвикани други поголеми проблеми.
Шефот на железничката федерација, Панајотис Параскевопулос за државната новинска агенција АНА-МПА информираше дека железничкиот сообраќај повторно е воспоставен и се одвива непречено.