25 Април, 2024
0.0277

Возачи внимавајте! Уште два „пајака“ ќе косат низ Скопје

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

На удар на два нови „пајака“ ќе бидат возачите на автомобили, откако  Јавното претпријатие „Градски паркинг“ започна постапка за проширување на возниот парк на Пајак-службата. Претпријатието распиша тендер, во тек е евалуација на понудите, а наскоро на електронска аукција ќе се избере најповолната понуда. Доколку аукцијата биде успешна и нема жалби на извршената постапка, проценето е дека „пајаците“ веќе од март ќе ловат несовесно паркирани возила. -Оваа набавка е дел од плановите за работа за годинава. Во случајов купуваме две пајак-возила иако моментно ни се потребни вкупно четири. Засега толку ни дозволуваат финансиите, велат од „Градски паркинг“. Не откриваат колку пари планираат да потрошат за набавка на новите „пајаци“, единствено велат дека парите ќе ги обезбедат од сопствениот буџет а возилата ќе ги отплаќаат на 12 рати без камата. Инаку, со набавката на двете нови возила, Пајак-службата на располагање ќе има вкупно осум „пајаци“. Според процените на надлежните, на Скопје му се потребни вкупно десет „пајаци“.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст