24 Април, 2024
0.0262

Вработени во АРМ и војници биле дел од „крвавиот четврток“ во Собрание

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Војници и вработени во АРМ се дел од лицата кои на 27 април влегоа во Собрание и нападнаа пратеници.

Ова го соопшти министерката Шекеринска на отчетот кој денеска го изложи по 100 дена Влада.

Министерката за одбрана открива дека после нападот врз Собранието, еден од припадниците на АРМ кој бил снимен од камерите како учесник во крвавиот настан, од своите надлежни бил пратен на служба во Авганистан.

Во отчетот Шекеринска зборуваше за она што го затекнала во Армијата: екстремно намален буџет за Армијата и одбраната, недостаток на елементарни услови за секојдневно извршување на обврските на војниците, застареност и неодржување на опремата, нарушени односи, 82 милиони евра вредни договори кои се потпишале со една фирма, а само на неколку дена пред изборот на новата влада се поништиле. 

„Немаше доволно пари за исплата на плати на вработените во МО и АРМ, a од друга страна, откако ја симнавме тајноста од документите за службени патувања во земјата и во странство, како и за трошоците за репрезентација, целата јавност можеше да види дека на сметка војската за која немало за чизми, функционерите од ова министерство трошеле лесно, многу и без мерка. Се уверив дека во некои области ситуацијата е полоша и од најцрните предвидувања“, рече министерката.

Како еден од главните приоритети на министерството кое го води во изминатите сто дена, Шекеринска вели дека е враќањето на одбраната на патот кон НАТО и започнувањето на работата на стратешкиот одбранбен преглед. Македонија ќе го користи и системот за поддршка кој и помогнал на Црна Гора да стане НАТО членка, а земјата ќе се движи кон зголемувањето на буџетот на одбраната за да се достигнат потребните 2 проценти од БДП што треба да ги подобри лошите услови во Армијата и да ја модернизира опремата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП