25 Април, 2024
0.0303

Вработените во Македонски железници бараат Владата да им ги исплати платите-во спротивно најавија штрајк

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Вработените во Македонски железници – Транспорт денеска ги запреа возовите во знак на протест поради неисплатени две плати.

Овој протест е втор годинава на вработените од ова претпријатие, а последниот беше во јануари.

Проблемот со Македонски железници – Транспорт се повторува веќе подолг период и вработените од сите хали ширум земјава, околу 200 работници денеска протестираа во кругот на Македонски железници – Транспорт.

Не штрајкуваат се уште, но оваа можност не е исклучена во блиска иднина а се зависи од раководството кое треба да им ја исплати демеквриската и јануарската плата.

Ѓорѓи Илиевски од синдикатот вели дека на последниот протест добиле ветување од раководството дека проблемот со исплатите ќе се реши, но за жал тоа не се случило.

Илиевски вели дека до овој протест дошло поради револт на вработените.

„Немајќи никакви средства за опстојување на семејствата ние дојдовме до ова дереџе да протестираме. Никој не зема во државата половина плата како што тоа се прави кај нас во  Македонски железници – Транспорт“, вели Илиевски .

Ова врз железничкиот сообраќај ќе влијае неповолно.

Се додека не се дадат платите тие нема да работат.

Локомотивите на возовите кои од утрово сообраќаат не биле прегледани, со што и директно е загрозена безбедноста во железничкиот сообраќај и безбедноста на патниците а штом не се прегледани од нивна страна не смеат да се движат.

Застој има и ако не се најде соодветно решение од Владата и раководството на МЖ Транспорт протестот од утре ќе прерасне во штрајк.

Можеби ќе ве интересира

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати