28 Март, 2024
0.0263

Вработување на лице со хендикеп носи повеќекратна општествена корист

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Според информациите со кои располага тимот на проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“ кој е поддржан од ЕУ, а спроведуван од Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп,  се уште е мал бројот на домашни компании и организации кои вработуваат лица со посебни потреби. Иако во изминатите години беа донесени низа на позитивни мерки за вработување на лица од оваа категорија реалноста говори дека е многу мал бројот на фирми кои ги користат поволностите кои ги нуди државата, а не ретко доаѓа и до ситуации во кои работодавачите ги вработуваат само за да ги искористат бенефициите кои следуваат од државата.

“Следејќи ги статистичките податоци за бројот на невработени лица со посебни потреби за жал може да заклучиме дека од година во година очигледен е растот на бројот на лица со посебни потреби кои бараат работа но не наидуваат на вработување од страна на домашните компании. Во рамки на нашиот проект правиме напори и ќе реализираме низа на активности во соработка со нашите партнери од Здружението на студенти и младинци со хендикеп со цел подобро разбирање на состојбата на лицата со посебни потреби и изнаоѓање на што поголем број можности за унапредување и вработување на лицата од оваа категорија”, укажуваат од проектниот тим.

Во рамки на овој проект беа отворени четири (4) Инфо-точки во кои ќе работаат четири (4) службени лица и тоа две во Скопје и по едно во Велес и Кавадарци во временски период од шест (6) месеци каде со директни контакти ќе се остваруваат советодавни и информативни средби на лицата со посебни потреби и работодавачи.

Споредбено со мерките кои ги практикуваат земјите членки на Европската унија, Македонија воопшто не заостанува во следењето на истите. Со закон во земјата се предвидени мерки за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидно лице, а опфаќа доделување на неповратни средства за вработување на неопределено време на невработено инвалидно лице, адаптација на работното место на кое ќе работи инвалидното лице доколку таа е потребна и набавка на опрема според критериумите и на начин утврден со акт на министерот за труд и социјална политика, ослободување од даноци и обезбедување на средства за придонеси и финансиска поддршка во работењето. Доколку се земат во предвид сите овие позитивни поволности и мерки за да се намали бројот на невработени лица со посебни потреби, очигледна е потребата од зголемување на свесноста на домашните менаџери и компании за потребата од обезбедување на работни места за лицата со хедикеп.

Повеќе информации за проектот и активностите во рамки на истиот може да се добијат со контакт на лицето Марија Димитровска,  marija.dimitrovska@predaplus.eu

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија