19 Април, 2024
0.0289

ВРАЌАЊЕ НА СИНДИКАТОТ ВО РАЦЕ НА РАБОТНИЦИТЕ: Како ќе ги заштити новата влада работничките права?

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во текот на вчерашниот ден неколку синдикати имаа средба на која акцентот беше ставен околу идните ставови на новата Влада околу заштитата на работниците.

Генералниот секретар на СДСМ во име на неговата партија рече дека во тој дух тие ќе се залагаат да го вратат дијалогот меѓу работниците, работодавачите и Владата

Спасовски истакна дека Македонија има потреба од вистински, слободни и неокупирани синдикати и дека всушнпст новата влада ќе има задача да им обезбедат на работниците слободни синдикати преку кои ќе може да се борат за нивните права.

„Тоа можеме да го направиме само преку отворени дијалог работодавачите, работниците и Владата и тоа е нешто што мора веднаш да го започнеме и да разговараме за сите оние отворени прашања кои пред се ќе значат зголемување на минималната и просечна плата во Македонија и заштита на работниците, нешто што мора да стане пракса во Македонија и само преку таков еден дијалог да ги носиме сите решенија, затоа што носење на било какво законско решение или одлука која нема да ги остварува целите на работниците, тогаш мислам дека се пропаднати закони“, посочи Спасовски.

На средбата беше заклучено дека најважно од се е синдикатите да се поставени на ниво кое е достојно за еден синдикат и да се промени праксата како во моментов за синдикатите да одлучуваат партиите на власт.

Независните синдикати се потребни за да отворат суштински прашања, да им се спротивстават или да покренат иницијатива за одредени прашања кои ќе бидат во нивна корист.

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните