Времето викендов носи брзи и краткотрајни промени
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2018
Претежно облачно време ни носи првиот ден од викендов.
Нема да дочекаме уште трага од вистинската зима, но бран на врнежи, како и нагла промена на ветерот е она што не очекува денеска.
Врнежите ќе започнат уште наутро во северозападниот крај а во текот на претпладнето ќе зафаќаат се поголем дел од северозападниот крај, за веќе рано по пладне овој бран на врнежи да зафати најголен дел од западниот и северниот крај.
Врнежи од снег ќе има само на планините, а југоисточниот крај врнежи може да очекува во втората половина на попладнето.Утринава речиси во повеќе градови температурите беа под нула. Најстудено било во Петровец во Скопје и во Берово -4 степени.
Денес максималната вредност ќе биде помеѓу 7°С и 9°С во котлините од северниот регион , а во јужниот крај околу 11°С.