23 Јуни, 2017
0.1218

„Врие“ во партијата на Вучиќ, нема единство за гласање на Брнабиќ

Објавено во: Балкан 16 Јуни, 2017

Шефот на пратеничката група на СНС во Собранието на Србија, Александар Мартиновиќ закажал за в понеделник состанок на пратеничката група, пишуваат белградски медиуми.

Состанокот ќе се одржи во Белград, пишува „Блиц“. 

„Претседателот Александар Вучиќ доаѓа да нè убеди нас пратениците од СНС да гласаме за одлуката за изборот на Ана Брнабиќ за премиер“ - вли партиски извор за весникот.

Претставниците на Единствена Србија на Драган Марковиќ ќе гласаат против изборот на Брнабиќ за премиер.

Ниту во СНС нема единство, па најмалку третина од 102 пратеника колку што имаат од СНС, негодуваат поради одлуката на Вучиќ мандатот да и го довери на досегашната министерка за државна управа. 

Претходно и шпекулациите за нејзин избор наидоа на несогласување од страна на повеќе партии, па и од Српската Православна Црква.

Хаосот и несогласувањето, се и поради тоа што Брнабиќ е припадник на геј заедницата.

Вучиќ изјавил дека костурот на Владата ќе остане ист, со тоа што Брнабиќ ќе го води економскиот дел, преговорите со ММФ, како и процесот на дигитализација, а суштинскиот политички дел ќе го води Ивица Дачиќ.

Можеби ќе ве интересира

Грчкиот премиер Ципрас со порака за надеж за соработка со Заев

Грчкиот премиер Ципрас со порака за надеж за соработка со Заев

(ВИДЕО) Димитров за БГНЕС: Новата Македонија која се роди од една агонија нема комплекси

(ВИДЕО) Димитров за БГНЕС: Новата Македонија која се роди од една агонија нема комплекси

(ВИДЕО) АКТЕРСКАТА СЦЕНА ВО СРБИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Почина актерската легенда Ѓоша

(ВИДЕО) АКТЕРСКАТА СЦЕНА ВО СРБИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Почина актерската легенда Ѓоша

Германка и Холанѓанин направија оаза во Србија

Германка и Холанѓанин направија оаза во Србија

Нов силен земјотрес во Егејско Море, на удар е Измир

Нов силен земјотрес во Егејско Море, на удар е Измир

ПРВИ ВО ЕВРОПА: Во Македонија и Србија ова е евтино...

ПРВИ ВО ЕВРОПА: Во Македонија и Србија ова е евтино...

Манза: НАТО ќе го задржи своето присуство, својот фокус и посветеност кон Западен Балкан

Манза: НАТО ќе го задржи своето присуство, својот фокус и посветеност кон Западен Балкан

Захариева: Нема да и биде лесно на Владата на Македонија

Захариева: Нема да и биде лесно на Владата на Македонија

Еди Рама заработи кривична пријава за изборни неправилности

Еди Рама заработи кривична пријава за изборни неправилности