ВРТОГЛАВИ СУМИ: Еве колку сестрите Кардашијан заработуваат на социјалните мрежи!
Објавено во: Финансии 18 Март, 2017
Сестрите Кардашијан се најплатени јавни личности на социјалните мрежи, но дали некогаш се запрашавте, колку пари добиваат од рекламирање на различни производи?
Мајкл Хелер, сопственик на фирмата за дигитален маркетинг "Talent Resources", дал одговор на ова прашање. Имено, Ким која ја следат скоро 95 милиони луѓе, за една кампања може да добие половина милион долари, додека нејзините сестри Клои и Кортни заработуваат по 250 000 долари за рекламирање на истиот бренд.
Тој истакнува дека овој вид на заработка донесува 25 посто од вкупните пари кои славните сестри ги инкасираат во текот на годините.
Сестрите Кардашијан не сакаат да го рекламираат секој производ, туку само оние кои одговараат на начинот на живот кој го пропагираат.
Ваквиот вид на маркетинг за многу компании е ефикасен, без разлика што на многумина им се чини дека хонорарите на сестрите Кардашијан се претерано високи.